СДСМ молчи, а ЗАЕВ и Филипче крстарат со луксузна јахта
Како и многу пати до сега, СДСМ пак избра да молчи кога станува за скандали во кои е фатен неговиот претседател, Венко Филипче. Како многу пати до сега и овој пат во скандалот се вклучени и Филипче и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
После златните визи, инвестициите во 50-катницата, приватната забава во луксузен хотел во Дубаи на кои на уво им пее Харис Џиновиќ, сега Филипче и Заев задно уживаат и крстарат на луксузна јахта по Егејското море.
Неколку дена ги прашуваме СДСМ и Филипче да дадат коментар за овој скандал, да кажат дали јахтата е на Заев и чини 850 илјади евра и со кои пари е купена? Дали можеби со пари од државни тендери?
Но, тие збор не кажуваат. Молкот може да значи потврда на поставените дилеми, но СДСМ и Филипче им должат одговори на македонската јавност, особено откако за време на нивна власт народот го осиромашија, а државата ја донесоа на раб на банкрот.
СДСМ и Филипче се должни да одговорат, особено што со Заев го продолжуваат блискиот и партнерски бизнис однос, така што во Бугарија имаат фирми на иста адреса, а нивните браќа имаат заедничка фирма за производство на струја.
Дополнителна причина за што должат одговори е тоа што фирмата на Заеви во Бугарија, каде комшија е Филипче, се поврзани со тендери во Македонија, а можеби со пари од овие тендери е купена и луксузната јахта.
Врските и бизнис зделките на Филипче со Заев се безбројни и затоа на македонската јавност им должат одговори.
Ако продолжат да молчат, СДСМ и Филипче само ќе потврдат дека се фатени инфлангратно во скандал и луксузни уживања со пари спечалени на сомнителен начин, а можеби и од државни тендери.