Скандалот со државјанството на Олександар Онишченко му пресуди на амбасадорското место на поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски, дознава Фокус.
Иако постапката за негово испраќање на амбасадорска функција беше во крајна фаза, сепак, Владата и претседателот одлучиле да не ја привршуваат поради скандалoт.
Најсериозен кандидат за нов македонски амбасадор во Франција е директорот на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави во МНР, Пајо Авировиќ.
Покрај тоа, течат консултации за упатување на амбасадори во Берлин, Лондон, Пекинг, Стокхолм, Бразилија и други центри, меѓу кои и Тел Авив, каде треба да замине дипломатот од кариера Јасмин Ќахил.
Поранешниот лидер на ЛДП Горан Милевски, пак, најверојатно ќе биде испратен на амбасадорска служба во Словенија.