Апелациониот суд Скопје донесе контроверзна одлука за укинување на притвор на обвинетиот Валмир Етеми, кој се смета за организатор на организиран криминал поврзан со трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион. Судот ја прифатил гаранцијата во износ од 618.147 евра, а обвинетиот ќе се брани од слобода со одредени мерки на претпазливост.

Укинување на притвор со сомнителна гаранција

Во соопштението од Апелациониот суд Скопје се наведува дека жалбата на обвинетиот Етеми е уважена, а одлуката на Основниот кривичен суд е преиначена.

  • „Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет KСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на 06.03.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот В.Е. и одлучи за укинување на притвор, со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра (38.016.040,50 денари). Истовремено, на обвинетиот му се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од Законот за кривична постапка“, стои во соопштението.

Јавноста во шок – судот повторно со спорни одлуки

Ова судска одлука предизвика жестоки реакции во јавноста, бидејќи Етеми е обвинет за тешки кривични дела поврзани со трговија со дрога и оружје, што претставува сериозна закана за безбедноста. Наместо да остане зад решетки, судот му овозможи слобода со гаранција.

Образложението за оваа одлука е објавено на официјалната веб-страница на судот, но останува нејасно како правосудниот систем дозволува укинување на притвор на лица обвинети за организиран криминал само врз основа на финансиска гаранција.

Судот повторно демонстрира дека во Македонија важи селективна правда – некои остануваат во притвор, а други со пари си ја купуваат слободата.

Извор: Kanal5