Бугарска вараијанта на буквата Т!?
Откако вчера една Наталија откри дека на шише Кока Кола нејзиното име се претворило во Намалија на површина излегува скандалозна информација според која компанијата Кока Кола користи бугарски букви на производи за македонски пазар, пишува Експрес.
Наместо македонска кирилична варијанта на буквата Т Кока Кола во маркетинг кампањата за македонскиот пазар користи бугарска варијанта на буквата Т со која Наталија станува Намалија, Тони станува Мони а Тамара станува Мамара.
Бојкот на Кока Кола во Македонија, се обрукаа со непознавање на нашиот јазик
Разликата меѓу македонското ракописно М и бугарската и руска варијанта на истата буква има огромна разлика која во која Кока Кола морале да ја знаат особено имајќи предвид дека Македонците се алергични на секакво бугарско поистоветување на јазици, букви или фонтови.
Дали Кока Кола направила случајна грешка или во позадина на погрешното користење на бугарски букви има друга порака и симболика засега од компанијата нема никаква реакција.
Кока Кола досега не се извини за грешката
Според порталот Јазичарница кој се занимава со оваа проблематика во современиот дигитален свет во кој живееме, фонтовите се од голема важност. Постојат многу кирилични фонтови, но важно е да се знае дека во ракописното македонско кирилично писмо некои букви изгледаат различно од нивните соодветни знаци во бугарската и руската кирилица (која има најмногу корисници, па затоа постојат и најмногу фонтови). На пример, една голема разлика може да се забележи во буквите п и т, како што се гледа во следнава табела:
Иако фонтовите строго земено не се дел од лингвистиката, вреди да се нагласи дека во овие случаи конвенциите на различните јазици се разликуваат. Со помош на двете букви погоре лесно може да проверите дали кириличниот фонт што сте го избрале ја претставува македонската кирилица.
Оваа научна позиција морало но не се користела од страна на една од најмоќните светски фирми.
Грешката на Кока Кола вчера беше причина за повици за бојкот