СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(59) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
На 06.05.2021, пријавениот коментирал на објава на портал, при што ширел и промовирал насилство и поттикнувал омраза кон група или поединец.