На 28.03.2021 околу 17:30 часот на ул.„Водњанска“ во Скопје, Н.Ј.(47) од Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна сопруга М.К. дека сакал насилно да влезе во нејзиниот дом, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.