Трагична вест го потресе Тетово. Во раните утрински часови денеска, во сообраќајна несреќа, животот го загуби 21-годишниот фудбалер Даниел Николовски.

Николовски беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а љубовта кон клубот ја продолжи и во сениорскиот тим, како дел од тетовското фудбалско семејство.

Од ФК Тетекс со голема болка се простија од својот поранешен младинец и сениорски фудбалер.

„Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб“, порачаа од Тетекс.

Од клубот упатија најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познаваа Даниел.