Вчера околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен Б.Л.(38) од Скопје.
По преземени мерки било утврдено дека повредите му ги нанел неговиот колега Ш.Ш. од с.Свиларе, скопско, во фирмата во која работеле во с.Миладиновци, скопско.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.