Четириесет и деветгодишен жител на Скопје е приведен по инцидент во Шуто Оризари, откако оштетил полициско возило и нападнал полициски службеник.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил на 30 март околу 23 часот, по што полицијата веднаш реагирала и го лишила од слобода осомничениот.

Според информациите, лицето најпрвин со тврд предмет го оштетило службеното возило, а потоа физички нападнало полицаец кој во тој момент извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, согласно член 383 од Кривичниот законик.