На 04.08.2023 во 16.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Питу Гули“ и ул.„Капиштец“ во Скопје, А.М.(34) од Скопје, управувајќи мопед изгубила контрола и паднала на коловозот, информира МВР.

 

Според пријавеното, патничко возило „бмв“ и го попречило патот и заминало, по што таа паднала.

А.М.била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.