На 28.11.2023 во 20:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Васко Карангелевски“ во Скопје, патничко возило „цитроен ц2“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(44) од Скопје, удрило во пешакот Л.Ј.(63) од Скопје.

Во несреќата Л.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.