Скопје и утринава e меѓу 10 градови во светот со најзагаден амбиентален воздух ,според податоци на платформата „Ај-Кју-Ер“.

Деновиве главниот град беше на 4 тото место по загаденост во светот. Утринава индексот на загадување на воздухот е 129 а како главни загадувачи се наведени пм 2,5 честичките чија концентрација е 46,8,2 микрограми на кубен метар, додека ПМ 10 честитичките се со концентрација од 47,5 микограми на кубен метар.

Концентрацијата на ПМ 2,5 во главниот град во моментов е 9,4 пати поголема од годишната вредност на упатството за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација .

Најзагаден град во светот во моментов е Лахор во Пакистан. По него на списокот се Киншаса , а на третото место Делхи , од балканските градови најзагаден е Сараево кој со се наоѓа на 6 тото место на листатата.