Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, сподели впечатливи детали од вечерната обиколка низ главниот град заедно со премиерот Христијан Мицкоски, истакнувајќи дека Скопје доживува видлива трансформација.
„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува“, напиша Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека улиците и плоштадите биле „чисти, полни со посетители“, додавајќи дека „ја нема онаа лоша слика на која навикнавме“.
Градоначалникот силно порача и дека таквиот запуштен изглед „никогаш повеќе нема да се повтори“.
За време на обиколката, Мицкоски и Ѓорѓиевски го посетија и просторот каде што треба да се гради новиот Луна парк.
„Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација“, истакна тој.
Постот заврши со порака исполнета со оптимизам:
„Најдоброто, доаѓа!“
