Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите, возачите нема да возат, а главниот град ќе остане без превоз, бидејќи приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари.

Потоа, во зависност од реакцијата на одговорните на Град Скопје, можна е блокада на сообраќајот во главниот град.

Проблемите со јавниот превоз во Скопје продолжуваат, неизвесноста за тоа дали и кога ќе бидат платени за својата работа останува не само меѓу приватните превозници, туку и меѓу вработените во ЈСП.