Скопје жариште на голема кашлица
За една недела пријавени 50 нови случаи на голема кашлица, а убедливо најголем дел од нив биле во Скопје , односно дури 43. Во Тетово пак, имало три слуачии, а по еден во Кочани, Кавадарци, Куманово и во Битола. Хоспитализирани се 5 деца, 4 се под една година.
Според податоците на Институтот за јавно здравје заклучно со седми март, во државава се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица.
Повеќе од половина не биле вакцинирани
Најголем број заболени се деца на возраст до четири години. Нешто повеќе од половина од заразените не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.
Најголем број од хоспитализираните се деца до четири години
Според извештајот на Институтот за јавно здравје 33 лица се хоспитализирани, од кои дури 28 се деца на возраст до четири години. Од понеделник, невакцинирани или нецелосно имунизирани деца против голема кашлица нема да се примаат во скопските градинки. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби одлуката од Министерството за здравство да врши засилен инспекциски надзор во предучилишните установи. Конкретни мерки ќе се преземат еден месец по прогласување епидемија во главниот град и препораките на Комисијата за заштита од заразни болести.
Комисијата соопшти декка од понеделник ќе има нови мерки
Според препораките на Комисијата за заразни болести од понеделник во градинките нема да се примаат децата кои не се вакцинирани со ди-те-пер. Како што кажуваат од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавени се и засилени инспекциски контроли.
Извор: 360 степени