Градот преполн со енергија и спортски дух
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук-профил објави дека утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имал чест да го означи почетокот на најмасовната атлетска манифестација во земјата – „Виз Ер“ Скопски маратон.
„Повеќе од 14.000 учесници од над 50 држави го исполнија нашиот главен град со енергија, спортски дух и насмевки. Прекрасна глетка што покажува колку Скопје живее и дише со спортот“, напиша Ѓорѓиевски.
Благодарност и најави за следната година
Тој изрази благодарност до Министерството за спорт, генералниот покровител на маратонот, како и до министерот Ристовски за, како што истакна, „искрената посветеност и поддршка на спортистите“. Ѓорѓиевски воедно најави дека следната година и самиот Град Скопје ќе се вклучи како покровител на оваа спортска манифестација.
Се огласи и министерот за спорт, Борко Ристовски.
Повик за активен живот и позитивна енергија
„Трчањето е најдобриот начин да го чуваме нашето здравје и дух. Да бидеме активни, силни и во движење секој ден. Следната година уште помасовно, со уште повеќе енергија и победнички дух. Нека победи најдобриот!“, порача Ѓорѓиевски.