Оттаму информираат дека во наредниот период започнувааат со реновирање на живеалиштето на белите лавови и, како што велат, на овој простор ќе му дадат нов лик по светски стандарди.
Ќе се обновува куќата и оградата, но ќе биде поставен и стаклен ѕид преку кој посетителите ќе имаат можност поубаво да ги набљудуваат животните одблиску, а лавовите ќе добијат поголема безбедност и подобри услови за благосостојба.