Името на првиот вицепремиер Груби одново се поврзува со ннцидентите во М-НАВ откако неговиот близок соработник Омер Буњаку е вмешан во скандалот со контролорите на летови каде што наистакнат е Беким Незири кој е претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, пишува Фактор.
Артан Груби – човекот кој се прослави со фрлање камења на скопското Кале, па бргу потоа му стана десна рака на Ахмети е името кое се поврзува со инцидентите во М-НАВ. Портретот на Артан Груби на македонската јавност веќе долго време ѝ е јасен. Од хулиган на скопското Кале, па шеф на Кабинет, па стана пратеник, а потоа стигна и до вицепремиерската позиција.
Хулиганот од фудбалскиот клуб „Шкупи“, Омер Буњаку, кој е еден од најблиските соработници на Груби бил еден од насилниците кои предводени од Беким Незири упаднале во контролата на летови и таму физички нападнале вработени.
И покрај тоа што од ДУИ се изземаа од одговорност и велат дека станува збор за интерен конфликт меѓу колеги, реалноста е поинаква. Нивните членови и активисти се задолжени за хаосот во М-НАВ.
Медиумот Фактор повикувајќи се на извори од ТВ Алфа, пишува дека Буњаку е меѓу оние кои МВР не успеало да ги уапси и моментално е еден од групата која е во бегство.
Како што пишуваат, меѓу нив се наоѓа и Ерсел Сали, исто така близок човек на ДУИ, кој засега е недостапен за органите на редот.
Според обвинителството, со нивните постапки овие лица ја загрозиле безбедноста на авиособраќајот, но засега не е одреден притвор за никој од нив.
Функционерот на ДУИ, Беким Незири и уште тројца осомничени за насилниот упад во кулата на контролата за летање, барем засега куртулија од притвор. Судот доцна во ноќта им изрече само мерки за претпазливост, иако обвинителството бараше да завршат зад решетки зашто ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај. Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои одредија мерка на претпазливост за осомничените за упадот во М-НАВ.
Обвинителството се жали на одлуката на судијата на претходна постапка. По четворица осомничени сè уште се трага.