Според СКСЗМ, изрекувањето на казните за превозниците од Република Македонија се должи на немање договор меѓу двете влади.

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) бара надлежните институции што поскоро да постигнат договор со Косово во областа на транспортот на стоки и услуги за да не се предизвикуваат, како што наведува, штети кај бизнисите од двете страни, посебно во услови на криза кога има потреба од стимулирање на економијата и одржување на социо-економската стабилност.

-Со Бизнис комората на Косово се осврнавме на прашањето за глобите за превозниците од Република Македонија изречени на царинските пунктови на Република Косово, поради кои беше попречена економската активност, но и како феномен кој не се совпадна со економското партнерство што двете земји го изградија низ годините, информира Комората.

Според СКСЗМ, изрекувањето на казните за превозниците од Република Македонија се должи на немање договор меѓу двете влади.

-Заедничката реакција на СКСЗМ и БКК предизвика ова изрекување на глоби привремено да биде прекинато додека не се постигне договор меѓу двете земји во областа на транспортот на стоки и услуги. СКСЗМ апелира до надлежните институции на РМ што поскоро да преземат чекори кон изнаоѓање долгорочен договор за ова прашање, со цел да не се оштетат бизнисите на двете страни, особено во ова време на криза кога имаме потреба од стимулирање на економијата и одржување на социо-економската стабилност, потенцираат од Комората.