Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, од говорницата во собраниската сала се осврна на времето поминато во Скопје како дете, кога татко му бил поставен во Скопје како дел од неговата работа во норвешката амбасада. Скопје враќа прекрасни спомени од времето во младоста кога за прв пат го вкусил скопскиот сладолед и полнетите пиперки.

Западен Балкан секогаш ми бил блиску до срцето, затоа што кога бев дете мојот татко работеше во норвешката амбасада во поранешна Југославија. Тука живеевме три години. Тогаш за првпат го вкусив мојот прв сладолед, ги јадев првите полнети пиперки, и ја научив песничката „ринге ринге јаја, дошо чика Паја…“ завршуваше со „чуч“. Имам пријатни спомени од моето детство тука, рече Столтенберг.

Извор: Телма