Студентите кои дошле на Мајорка од континентална Шпанија присуствувале на музички настапи во Палма де Мајорка, забави на бродови и хотели. Властите најавија истрага за време на која имаат намера да утврдат дали се исполнети сите превентивни анти-епидемиолошки мерки.
Сите студенти кои биле позитивни на тестот пристигнале во Мајорка од различни делови на Шпанија за да го прослават крајот на универзитетската година.
Најмалку илјада од нив биле испратени во изолација и откриено е дека голем број тинејџери имаат лесни симптоми на Ковид-19.
По речиси една година строги рестриктивни, анти-епидемиолошки мерки, на Шпанците сега им е дозволено да останат на отворено без заштитни маски, додека во затворен простор се уште е задолжително да се носат маски.