Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, напиша гувернерот Трајко Славески.
Вредноста на платата е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.
„Чекајте малку, нели ова го кажав уште во јуни минатата година? На јавниот линч за говорење на вистината одговорив со висок капацитет за апсорпција на омраза“, напиша Славески на Твитер приложувајќи табели со бројки.
Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.
Чекајте малку — нели ова го… pic.twitter.com/CeSMYyLoX0— Trajko Slaveski (@TSlaveski) August 4, 2026
