Протест на кои се бара слобода за Уставобранителите од 27.април, попладнево се одржува пред Владата на Република Македонија.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци. Ова не е прв протест на уставобранителите.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот. Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.