Се предлага сите оние кои во претходниот период биле вакцинирани со две дози против коронавирус (или еднаш ако вакцината е Џонсон и Џонсон) најдоцна 9 месеци по примањето на втората доза да ја примат третата доза од вакцината т.н. бустер за да може да имате валиден сертификат за КОВИД признаен во ЕУ.

Тоа ќе биде предуслов за влез во земјите од Европската унија, а оваа одлука треба да стапи во сила на 10 јануари 2022 година.

Новиот пристап на Европската комисија ќе се базира „на личноста“. Во превод, лице кое поседува валиден ЕУ дигитален сертификат за КОВИД во принцип не треба да биде предмет на дополнителни ограничувања, како што се тестови или карантин, без оглед на местото на поаѓање во ЕУ. Од лицата без дигитален ЕУ-ковид-сертификат може да се бара да се подложат на тест пред или по пристигнувањето.

Од ЕК порачаа дека на овој начин ЕУ се оддалечува од пристапот кој досега се засноваше, а тоа е фокусот на државата. Ова ќе се движи кон индивидуални пристапи, што ќе значи дека секој што бил вакциниран со вакцина признаена од Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе може да патува низ ЕУ.

Европската комисија предложи од 10 јануари сертификатите за вакцинација на ЕУ да важат девет месеци по целосната имунизација.

Извршната власт на ЕУ, исто така, предложи прифаќање на сите вакцини одобрени од Светската здравствена организација за цели на патување, што ќе овозможи „неважно“ патување во ЕУ за луѓето вакцинирани со вакцини од кинеско и индиско производство.