Следната седмица, на 6 октомври, во Анкара ќе се одржи 63-от круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Последниот круг се одржа кон средината на март во Атина.
Станува збор за неформални контакти, а не за преговори, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, додека пак целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално да се одржат преговори.