Словачка ги олабави мерките против Ковид-19 и сега им дозволува на невакцинираните лица да влегуваат во продавници кои не се од есенцијална природа, иако стапката на инфекција во земјата останува висока, јави ДПА.

Досега, на невакцираните им беше дозволено да влезат само во продавници за храна или сличните продавници од есенцијална работи.

Сепак, голем дел од рестрикциите остануваат на сила. Една од нив е и полицискиот час од 22 часот за баровите и за рестораните.

Критичарите на власта за олабавувањето на мерките, посочуваат дека ниту половина од 5.5 милиони жители на земјата, не се целосно вакцинирани, а и речиси 20.000 нови инфекции се евидентираат секој ден.