Епидемиологот Милан Крек, кој го води словенечкиот институт за јавно здравје препорача Словенците да не одат на одмор во странство по 15 август.
– Сите кои одат на одмор во странство им препорачувам да се вратат до 15 август – изјавил Крек на владината прес-конференција за новинарите на која се зборувало за опасноста од нов бран поради делта сојот, како и за потребата да се забрза вакцинацијата на населението за есента да биде безбедна.
Бидејќи епидемиологот не споменал на кои туристички дестинации мисли ниту прецизирал дали тој препорачува да останат дома и тие кои се вакцинирани, неговата изјава предизвика многу реакции.
Министерот за здравство Јанез Поклукар изјавил дека Крек сакал да ги предупреди тие кои одат во странство, дека ниедна држава, па ни тие кои имаат поголема стапка на вакцинирани од Словенија, не го постигнале потребниот колективен имунитет или посакуваното ниво на вакцинирани кои луѓето би ги заштитило од по заразните варијанти и дека предупредувањата треба да се сфатат и како желба наесен да нема нови затворања.