За негова смена гласаа 43 пратеници од опозициската партија, три помалку од потребното мнозинство, во нов обид на левичарската опозиција да ја ослабне владата на Јанез Јанша пред парламентарните избори што претседателот Борут Пахор ги најави за 24 април следната година, пренесува Хина.

Интерпелацијата ја покрена опозицијата откако во медиумите беше објавена компромитирачка снимка од разговор меѓу Визјак и бизнисмен и тајкун од пред 14 години, на која тие преговараат како да приватизираат голема компанија. Визјак тогаш беше министер за економија во првата влада на Јанез Јанша.

Уште една парламентарна битка ја чека владејачката коалиција на Јанша на почетокот на следната недела, кога ќе се одлучува за предлогот за недоверба на опозицијата на министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.