Падот на лирата ја принуди Централната банка повторно да интервенира со продажба на девизи, по петти пат во последните неколку недели.

Пред денешната интервенција на Централната банка за еден долар можеа да се добијат 17,14 лири. Валутата потоа поврати дел од изгубената вредност, но сепак беше за пет отсто послаба во однос на доларот во споредба со претходниот ден.

Турската лира загуби 55 отсто од вредноста во однос на доларот од почетокот на годинава.

Централната банка вчера соопшти дека ја намалува референтната каматна стапка од 15 на 14 отсто, иако инфлацијата е 21 отсто.

Одлуката на централната банка е во согласност со политиката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој тврди, спротивно на традиционалната економска теорија, дека високите каматни стапки предизвикуваат инфлација.