Со огромна доза на ужаснување ја примив информацијата дека само 11 часа откако поднела кандидатира за градоначлник на Општина Центар, на поранешната прва анти-корупционерка Билјана Ивановска и затропала полиција на врата со покана да се појави во обвинителството за некаква кривична пријава.
пишува: Љупчо ЗЛАТЕВ
Имам навистина позитивно мислење за Ивановска и да бев жител на Центар можеби би гласал за неа, но, тоа не е главната причина поради која го пишувам овој текст. Поривот е сосем различен, а тоа е да ви опишам кој во суштина владее со нашите судбини и кој се обидува да биде режисер на хаосот во предизборието за локалните избори?
Откако проверив на календарот дека живеам во 2025 година а не во 1947, веднаш ги завртев сите телефони со извори во правосудството, безбедносниот сектор и во политиката за да проверам кој е автор на ова сценарио кое наликува на жанрот на Франц Кафка.
Се изненадив колку политичкиот естаблишмент во државата и разузнавачката заедница беа изненадени од состојбата. Најголем дел со луѓето од врвот на власта и разузнавачката заедница немаа никаква информација за што станува збор и зошто се случува ваков очигледен обид да се создаде скандал пред изборите. Од нив не можев да дознаам буквално ништо, освен да приметам вџашеност и загриженост.
Кај функционерите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ владееше мислењето дека ова може да им предизвика одредена политичка штета, затоа што ќе излезе дека со тоталитарни методи тие би се обиделе да го добијат Центар, нешто слично на она што се случуваше со Андреј Жерновски кога со секое прегласување нарачано од Груевски и Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ губеше со повеќе гласови. Најголем дел од нив се на ставот дека овој циркус не им е потребен во состојба кога очигледно е дека ќе победат во скоро сите македонски општини.
Слично беше и со безбедњаците, кои не гледаат импликации за националната безбедност од Билјана Ивановска, која е сосем пристојна жена.
Одговорите стигнаа од моите „свиркачи“ од обвинителството, кои веднаш го намирисаа котелот во кој се подготвувала оваа операција. Имено, ова што и го прават на Ивановска е школски пример за длабоката држава во македонското обвинителство изведена од истите актери кои во последната деценија ја тероризираат македонската демократија држејќи го обвинителството во заложништво.
Да бидам искрен во стомакот уште од самиот почеток чувствував дека ваква монструозна акција може да спроведат само валканите мозоци од поранешното СЈО! Моите извори, само ми го потврдија сомнежот.
Ги замислувам Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Пеливанов, Елизабета Јосифовска и останатите знајни и незнајни, седнати како во златните денови на мајка Катица се обидуваат да направат пакост која ќе предизвика политичка штета на нивниот главен непријател! Да исценираат уште еден монтиран случај, со цел политички да одработат за нивната опција. Да, исто е сценариото како она за промената на името, 27 април и уште многу други, исти се и болните умови кои го спроведуваат.
Коцевски и Бубевски буквално како Гаргамел (нека ми прости, ама Коцевски ужасно многу личи на Гаргамел) и неговиот мачор Азраел уште еднаш смислуваат сценарио како да ја експлодираат политичката ситуација во селото на штрумфовите. Намерата им е овој хаос уште еднаш да им ја крене цената и така да продолжат олигархиски да владеат со обвинителството.
Билјана Ивановска е совршена мета, жена омилена на гласното либерално малцинство во земјата, која како независен кандидат се вмеша во трката за Центар. Со ова, тие сакаат да прикажат дека некој во државава има потреба да ги малтретира прогресивните либерали. На ова, нормално, веднаш се налепија медиумите блиски до нив и хајката почна!
Коцевски и Бубевски соочени со тоа дека премиерот Христијан Мицкоски отворено зборува дека со нив двајца не може да се реши состојбата и да дочекаме некаква елементарна правда во земјава, се обидуваат него да го портретираат како виновник за прогонот над Ивановска.