Со оглед на новите фрапантни докази, во врска со случајот “диво месо”, каде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера ги презентираше истите, веднаш мора да се прошири анкетната комисија во Собранието на Република Македонија и да го опфати периодот, од извештајот на ФЗО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните имаат право и мора да ја дознаат вистината, какви се намерни пропусти се случувале на Онкологија, а кои се докажуваат со овој извештај, се со цел дебело богатење на грбот на народот и пациентите.
СДС и ДУИ да не бегаат од вистината, која ќе се дознае секако, дали на овој или друг начин и да престанат да глумат пред јавноста дека не знаеле ништо.
За канцер мафијата, која го создаде ова диво месо, ќе има одговорност од прв до последен, тоа е ветување пред граѓаните“ – наведуваат од партијата.