Затворски и условни казни за оние кои признаа вина
4 години и 11 месеци вкупна затворска казна изрече Кривичниот суд за тројца обвинети во случајот „Синџир“ кои на минатото рочиште признаа вина. Една обвинета е казнета условно, и нема да помине две години зад решетки, ако во наредните пет, не стори ново кривично дело. 4 фирми опфатени во случајот треба да платат два и пол милиони денари.
До правосилност на пресудата, двајца од обвинетите остануваат во затворски притвор, а една е во домашен.
Издавале лажни фактури да не платат данок
Обвинителството своевремено отвори истрага против 26-мина сопственици и директори на фирми кои од 2019-та до крајот на 2021 година издавале лажни фактури за да избегнат плаќање данок со што го оштетиле буџетот за 8 милиони евра.
Извор: МРТ