– Одделението за внатрешни работи Ресен, до Основното јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава против Б.Ш (49)од с.Подмочани, ресенско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” по член 235 и „проневера во службата” по член 354 од Кривичниот законик. Пријавениот, како раководител на Одделението за финансии и сметководство во Јавно комунално претпријатие „Пролетер” во Ресен, во август 2021 година во неколку наврати со клуч го отворал сефот кој бил во просторијата на благајната и оттаму одзел пари, се вели во полицискиот билтен.
Службеник проневерил пари од ресенското комунално претпријатие
С
Шефот на одделението за финансии во Јавното комунално претпријатие од Ресен во повеќе наврати земал пари од сефот на фирмата, а против него е поднесена кривична пријава за две дела, соопшти полицијата.