Продажба на службеното возило и нови приоритети во Струга
Општина Струга најави јавна аукција за службеното возило „Ауди А6“ и ќе формира комисија за утврдување на почетната цена, со цел транспарентна продажба.
Одлуката за продажба беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по преземањето на мандатот, а Советот на Општина Струга го одобри нејзиното реализирање.
Ќура нема да користи службено возило, туку ќе се служи со сопствено приватно возило и ќе ги покрива сите трошоци поврзани со неговото користење. Општината планира да набави функционално комбе за администрацијата, спортските клубови и градските активности, наместо луксузен автомобил.
Минимизирањето на трошоците за градоначалникот и општинската администрација е јасен приоритет, соопштија од општината.
Против поранешниот градоначалник се водеше судски процес за набавката на „Ауди“ вреден 67.000 евра, при што Судот во Струга донесе ослободителна пресуда.
