На денешната свечена церемонија што се одржа во хотелот Хилтон, градоначалникот Саша Богдановиќ го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините.
– Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.
Средствата што ѝ се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на „Адвокатската улица“, спроти судовите.