Д.Ј.(44) и А.Ј.(54) двајцата од Куманово пријавиле дека во близина на бензинска пумпа кај Табановце, патничко моторно возило „мерцедес“ со белгиски национални ознаки управувано од за нив непознато лице почнало да вози, при што Д.Ј. ја удрило во десната нога, велат од МВР.

Потоа возачот и совозачот излегле од возилото и ги нападнале А.Ј. и Д.Ј.

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.