На 08.01.2022 во 00,30 часот Џ.Љ.(63) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Чаир до терасата на неговата куќа била фрлена запалива течност, при што бил оштетен мал дел од фасадата и ролетна. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.