Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани.
Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
-Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, се вели во соопштението од МЗ.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.