Законот за државјанство, кој првично беше предложен од Алијанса за Албанците и Алтернатива влезе во собраниска процедура – овој пат, поднесен од Владата и тоа со европско знаменце. Ако се изгласа законот, веќе нема да биде потребно ниту одлично познавање на македонскиот јазик кој е официјален јазик на државата.

Предлог законот има 16 критериуми – а за лицето да се стекне со државјанство, доволно е да се исполни само еден од наведените. Согласно промените, се намалува и потребното време на живеење на територија на Македонија – од три на една година.

„Беше изнајдено решение за лицата кои се без државјанство. Законот ќе ги дорегулира тие методи, а целта е да нема лица без државјанство“ – истакна министерот за правда Бојан Маричиќ.

Контроверзниот закон предизвика лавина реакции. Дел од аналитичарите коментираа дека Владата ги крши законите и го употребува европското знаменце за законите кои воопшто не се соодејствуваат со европското законодавство. Пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, предупреди дека во Законот има збир небулози, и доколку се стремиме кон отворање на вратите на Европската Унија, треба да видиме како функционираат другите држави европски држави каде едно лице кое сака да добие државјанство, мора да живее минимум осум години водржавата и да го знае официјалниот јазик.

И Македонското здружение на млади правници реагира дека текстот на законот е подготвен во нетранспарентна процедура без увид на јавноста и без можност за било какви коментари, мислења и предлози.

Првичниот предлог на Алијанса наиде на блокада од македонската опозиција, по што албанската опозиција настапи со контра блокада на голем дел од законите во Собранието.