Тој информира дека ВМРО ДПМНЕ ќе предложи во парламентот Закон со којшто ќе се дозволи трговија и чување на криптовалути во Македонија.

– Ќе предложиме закон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути, за тргување без ДДВ, и 0% данок на добивка и доход до крајот на 2023 година за инвеститорите, вели Мицкоски.

Денеска во Македонија ниту е забрането, ниту е дозволено да се тргува со криптовалути бидејќи нема законска рамка, нема законско решение. ВМРО ДПМНЕ од позиција на опозиција ќе предложи во парламентот Закон со којшто ќе се дозволи трговија и чување на криптовалути во Македонија.

Ќе предложиме закон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути, за тргување без ДДВ, и 0% данок на добивка и доход до крајот на 2023 година за инвеститорите.

Posted by Hristijan Mickoski on Thursday, July 22, 2021