ЕУ со загриженост констатира дека некои од измените на Законот за Кривичниот законик усвоени на забрзан начин од Собранието на Северна Македонија, кои ги намалуваат максималните законски казни и имаат импликации врз примената на застареноста, влијае на голем број случаи на корупција на високо ниво, вели за ТВ 24 Ана Писинеро портпаролка на ЕК.

Од ЕК изразуваат жалење поради недостатокот на сеопфатни консултации со домашните чинители со Европската комисија пред нивното усвојување, како и за употребата на процедурата за знаменце на ЕУ, која велат треба да биде конзистентна и јасно поврзана со законите кои првенствено имаат за цел усогласување на националното право со ЕУ acquis.

“Северна Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против неказнивоста и затоа, санкциите за корупциски активности мора да бидат ефективни, пропорционални и разубедувачки.” – вели Писинеро.

Од ЕК велат дека зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмалено справување со корупцијата, вклучително и преку солидна истрага, како и гонењето и конечното осудување на случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење.

Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на владеењето на правото многу внимателно, вклучително и во контекст на пристапните преговори, велат од ЕК за ТВ 24.