На дневен ред на 58. седница се предлог-законите кои се дел од Реформската агенда – Предлог на законот за ставање во употреба на техничка опрема за транспорт, Предлог на законот за електронските комуникации, Дополнетиот предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, Дополнетиот предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност, сите во второ читање и Предлог на законот за вработените во јавниот сектор, Предлог на законот за административни службеници и Предлог на законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, сите во прво читање.

Пред пратениците во рамки на 55-та седница ќе дискутираат по Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, Предлог на законот за инспекциски надзор, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети и во кривична и прекршочна постапка, Предлог на законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, сите по скратена постапка.