Одлуки за нацоналната безбедност

Во „глува соба“, без можност да протечат информации, ќе се носат одлуки од национална безбедност. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.

Изградбата а собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, велат пратениците.

Барање на НАТО и важно за ЕУ

Изградбата на заштитениот работен простор во Собранието е на барање на НАТО и е од посебна важност за пристапните преговори со ЕУ.

Освен за Собранието и комисиите, „глувата соба“ доколку имаат потреба ќе можат да ја користат и други државни органи, по одобрување од законодавниот дом.

Овој проект е конечно завршен по седум години, со помош на меѓународните партнери како со финансиска ака и со правна помош и размена на искуства.