До Собранието денеска е доставен предлогот за именување на новите министри од редовите на Вреди, соопшти попладнево кабинетот на претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши.
Новите членови на Владата треба да ги заменат Изет Меџити, кој досега беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, а кој по изборот за градоначалник на Општина Чаир ја напушти функцијата, и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.
За министер за екологија е предложен поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа, додека актуелниот пратеник и поранешен министер за здравство, Беким Сали, е предложен да го замени Орхан Муртезани, кој се очекува да биде разрешен на следната седница на Собранието.
Согласно Деловникот на законодавниот дом, предлозите за новите министри ќе бидат распределени на понатамошна постапка. За датумот на одржување на седницата за избор на новите министри, Собранието ќе информира дополнително.
