Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

Пред да се изгласаат овие три закони на 36. седница, Собранието ја одржа и 32. седница. Сите точки на дневниот ред поминаа со 62 гласа „за“, колку што изнесува парламентарното мнозинство. На оваа седница не присуствуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и пратениците од албанската опозиција. Откако заврши едницата, во салата влегоа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев побара процедурална забелешка, но не ја доби. Цело време додека се гласаше стоеше пред спикерот Талат Џафер со дигнат деловник за работа во едната рака. Откако доби збор Апасиев рече дека Џафери денеска сторил кривично дело зошто заболените лица од корона вирус одат во карантин, а не да присуствуваат на седница.

-Двајцата пратеници први ќе одат во затвор за стореното кривично дело. Заедно со Џафери, а Собранието ќе треба да плати парична казна, рече Апасиев.

Претседателот Џафер одговори дека од парламентарците побарал разумна одлука уште на почетокот на пандемијата. За тоа рече, предложил измени на деловникот, но тие се блокирани со две илјади амандмани.

-Во ова Собрание, во подготовка на конститутивната седница, кога бев во болница, службите донесоа правилник за функционирање во услови на ковид. Имајќи ја предвид мојата претпоставка дека состојбите ќе се влошат, предложив измени во деловникот за да се регулира можноста да се обезбеди онлајн-присуство на позитивни и болни пратеници. Вие поднесовте три илјади амандмани за да го спречите тоа. Во ноември добив дополнение на протоколот според кој може присуство да се обезбеди во изолирани простории без да се има каков било контакт со други пратеници и лица во Собранието. Значи, имам добиено дополнение на протоколот и тоа треба да го прифатите, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на почетокот на 36-тата седница најпрвин рече дека е загрижен за својата и безбедноста на присутните. Тој рече дека опозицијата бара кривична одговорност за Собранието и претседателот Талат Џафери, но и за собраниското обезбедување.

-Деловникот, правилникот на Собранието или друг документ не може да биде над Уставот и законите и вие со непознаваање на правото правите кривично дело. Кривично дело прави и полицијата која дозволи влез на позитивни на ковид-19 пратеници. Еве јас сум со две маски на лицето зашто тука во парланентот се шетаат болни пратеници, морам да мислам и на моето семејство. Праќате порака до граѓаните дека смее да се крши Уставот и законот. Имавте доволно пратеници за кворум, не требаше да повикувате да присуствуваат и болни пратеници, рече Мицевски.

 

Двајца заразени пратеници се во Собрание изолирани во посебни кабини.

Сите пратеници присутни во салата гласаа за петтиот пакет економски мерки.