Собранискиот спикер Африм Гаши ги соопшти имињата на новиот премиер Христијан Мицкоски и сите министри.
Христијан Мицкоски е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на земјата
Пратениците од Европскиот фронт вечерва ја напуштија собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова Влада.
Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група рече дека нема да гласаат за новата Влада бидејќи таа „нема легитимност од етничките заедници“.
Министрите на ВМРО-ДПМНЕ
Владо Мисајловски, министер за одбрана
Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и трговија
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Александар Николоски, министер за транспорт – вицепремиер
Иван Стоилковиќ, министер за односи меѓу заедниците – вицепремиер
Гордана Димитриеска Кочовска, министер за финансии
Сања Божиновска, министер за енергетика
Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
Весна Јаневска, министер за образование и наука
Златко Перински, министер за локална самоуправа
Зоран Лутков, министер за култура и туризам
Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
Борко Ристовски, министер за спорт
Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем
Шабан Салиу, министер без ресор, за спроведување на декадата на Ромите
Министрите на коалицијата „ВРЕДИ“
Изет Меџити, прв вицепремиер, министер за екологија
Арбен Таравари, министер за здравство
Бесар Дурмиши, министер за социјална политика, демографија и млади
Фатмир Лимани, министер за економија и труд.
Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење
Орхан Муртезани, министер за евроинтеграции
Министрите на „ЗНАМ“
Игор Филков, министер за правда
Горан Минчев, министер за администрација.