Собранието на Република Македонија објави Јавен конкурс за изработка на заштитен знак (лого). Целта е законодавниот дом да добие современ, усогласен визуелен идентитет кој ќе ги рефлектира неговите вредности, мисија и визија, како и националното значење што го носи институцијата.

Во конкурсот се наведени основните насоки и критериуми за изработка на логото.

Дизајнот треба да биде оригинален, досега неупотребуван и авторски заштитен. Од авторот се бара авторот да гарантира дека неговото решение нема да ги повредува правата на интелектуална сопственост на трети страни.

Секој заинтересиран учесник може да достави најмногу три идејни решенија. Претседателот Африм Гаши ќе избере комисија која ќе го оцени предлогот.