Македонските пратеници денеска, пред почетокот на 103 собраниска седница, им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.
На дневен ред на седницата се неколку предлог-одлуки, предлог-закони и предлог-законски измени, како и барања за автентични толкувања.
По 103. седница, следуваат продолженија на 99. и 84. седница, а потоа, од 15 часот треба да почне и 104. седница на чиј дневен ред е избор на нови членови во Владата.