Во Собрание се доставени оставките на неколку владини функционири кои ќе бидат сменети со влегувањето на Алијанса на Албанците во Влада. До Собрание се доставени и предлози на премиерот Димитар Ковачевски за разрешување, што е во контекст на реконструкцијата на Владата со која се најавени промена на четири министерски и пет заменик-министерски позиции.

Поради промените кои ги најави Владата, од политичката партија Алтернатива најавија напуштање на владината коалција, но енигма останува зошто меѓу оставките нема оставка и од Даим Лучи, заменик-министер за култура кој во владината коалиција влезе како член на Алтернатива. За Лучи нема биту барање за разрешување, ниту најава за негов заменик.

Од документите доставени во Собарание се забележува дека има барање за разрешување на Башким Хасани, заменик на министерот за одбрана. Потоа на Абдулшуќур Абедини заменик министер во Министерството за земјоделство и на Лулзим Алиу земеник министер во Министерство за образовение и наука.

Меѓу разрешените се и досегашниот министер за здравство, Беким Сали, потоа министерот за информатичко општество Адмирим Алити, како и Џемал Чупи досегашен министер без ресор задолжен за дијаспората.

До собранието своја оставка поднесе заменик министерот за здравство, Владимир Рендевски, кој се заблагодари за довербата до премиерот Ковачевски и истакна дека како специјалист неврохирург и доцент по предметите неврохирургија и хирургија во иднина ќе се посвети на неговата струка во матичната установа ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија и Медицинскиот факултет Скопје, нагласувајќи дека особено ќе се посвети на стручно усовршување за воведување нови оперативни методи од областа на спиналната неврохирургија.

Заменик министерот за правда Агим Нухиу самиот достави оставка до Собранието, а истото го направи и Министерот за правда Никола Тупачески кој воедно се заблагодари за укажаната доверба и досегашната соработка.

Неоповиклива оставка поднесе и министерот за животна средина Насер Нуредини.

Нови министри согласно предлогот на Ковачевски ќе бидат Кренар Лога на Министерството за правда, Фатмир Меџити ќе раководи со Министерството за здравство.

Азир Алиу ќе биде министер по информатичко општество и администрација, додека Каја Шукова ќе биде новата министерка за животна средина и просторно планирање.

Од документите доставени во Собрание може да се види дека за заменици министри премиерот го предлага Трион Јајага во Министерството за одбрана. Викторија Аврамовска-Мадиќ земеник во Министерство за правда. Вјолца Бериша на заменичкото столче во Министерство за земјоделство. Маја Манолева ќе биде заменичка во Министерството за здравство додека Агим Нухиу добива нова позиција, заменик во МОН.