Пленарните седници ќе се одржуваат според протокол одобрен од Комисијата за заразни болести. Сега повторно ќе има можност за електронско гласање наместо гласовите да се бројат рачно.

Протоколот прецизира насоки и за следење на седниците од акредитираните новинари во однос на дозволен број седишта и задолжително растојание. Влезот во пленарната сала ќе биде дозволен за претставници на медиумите кои ќе приложат доказ дека се целосно имунизирани против КОВИД-19. Прес-конференциите и изјавите за медиуми ќе се одржуваат во Кристална сала.

На дневен ред на 43-тата седница се 55 точки, меѓу кои назначување членови на институции, закони по скратена постапка и во прво и второ читање, две интерпелации, ратификации на договори…